Во општина Карпош  денеска  претставници на ВМРО-ДПМНЕ  беа во посета на населените места Нерези, Бардовци и Злокуќани. Меѓу преставниците беше и членот на Извршниот  комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.  И овде граѓаните говореа за проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Николов присутвуваше и на литургијата во црквата Св. Пантелејмон во Нерези.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги посетија и населените места Бардовци и Злокуќани. Жителите од овие населени места се пожалија дека власта  нема направено во нивниоткрај.