Треба граѓаните да имаат чувство дека можат слободно да се движат низ улиците, а притоа да не бидат нападнати, ограбени, прободени со нож, пукани со пиштол, киднапирани, да можат слободно да одат во маркети, а притоа да не стравуваат како небаре некој од криминалните филмови доаѓаат и ограбуваат во маркетите. Да бидат спокојни кога ќе одат во банките, во поштите, нагласи Затуроска.

Затуроска појасни дека за жал, колку и да звучи банално секојдневно граѓаните повторуваат, кажуваат каква е за жал секојдневната ситуација во државата откако Спасовски е на чело на МВР и наместо чувство на законот да владее, словото на криминалот владее, наместо полиција за народот се претвори во полиција против својот народ.