За неспособноста на оваа власт говори податокот што Македонија 2018 ја заврши со најслаб раст на БДП во Европа

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

За штетните економски политики на оваа власт доволно говори фактот дека Македонија минатата година ја заврши со најслаб раст на БДП во Европа и во регионот. Граѓаните чиј стандард опаѓа најдобро го чувствуваат по својот грб и по својот џеб неработењето на оваа власт.

Над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а долгот за само две години е зголемен за над 500 милиони евра. Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП.

Минатата година ја завршивме со срамна реализација на капитални инвестиции од 50%, а за првиот месец од 2019 има катастрофална реализација од само 1,09% на капитални инвестиции. Тоа значи дека парите од буџетот се трошат, а нема ниту проекти, ниту нови училишта, патишта, болници детски градинки и слично. Патем нема ниту нови фабрики и странки инвестиции иако Заев ветуваше дека во Македонија само што не пристигнале Гугл, Фејсбук и Фолксваген.

Тоа што е единствена светла точка во економијата на Македонија се странските фабрики кои се отворија во ТИРЗ-овите во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кои денес СДСМ ги бележи и за индустриско производство и за извоз, а додека беше во опозиција ги напаѓаше и клеветеше. Ова е целото лицемерие на СДСМ на дело.

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре