Спремен сум прв да ми го испитаат потеклото на имотот, а истото да се направи со Заев и сите други политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отвореното студио на Алфа посочи дека е спремен да биде првиот политичар во Македонија на кој ќе му биде испитано целосното потекло на имотот, но додаде дека потоа тоа треба да се направи со Заев како и со сите други политичари. Мицкоски истакна дека во Македонија не смее да има селективна правда и треба да се истражи имотната состојба на сите поранешни политичари, и да се истражат многу процеси во македонската историја за кои кај граѓаните постои сериозен сомнеж за криминал.

-Ние имаме 28 години порази во оваа држава. Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Ајде нека почнат од мене, јас сум година и половина претседател, речиси на најголемата опозициона партија, лидер на опозицијата, претходно сум бил директор на АД ЕЛЕМ, сум бил дел од кабинетот на тогашните премиери, еве нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев. Нека завршат со имотите на сите поранешни политичари. Па да видиме зошто луѓето се комотни или не се комотни, ајде да видиме за сите процеси во минатото, да ги отвориме и да ги дискутираме. Зошто да дискутираме за бомбите од 2007 до 2015? Зошто да имаме селективна правда, вели Мицкоски.

Поврзани вести