Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала

Соопштение до јавноста

Оливер Спасовски мора да си замине од функцијата. Неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со сопствените животи, а неговата соработка со криминалците ја парализираат полицијата и овозможуваат убијци и насилници да се шетаат слободно.

Во неговиот мандат, први соработници рекетираа и оддаваа посебни истражни мерки, а сега продолжуваат неказнето да работат.

Во неговиот мандат полициски службеници малтретираа и палеа луѓе.

Во неговиот мандат полициски службеници пукаа на млади момчиња и се пресметуваа меѓу себе.

Во неговиот мандат владее тотален хаос во МВР, а убијци се шетаат на слобода. На слобода е убиецот на Мартин Јанушев. На слобода се сторителите на двојното убиство среде Скопје.

Нерасчитени се стотици други убиства, разбојништва, грабежи и насилства.

МВР стана синоним за криминал. Преку МВР на сомнителен начин се доделија лиценците за извршување возачки испити на територија на цела држава на фирми регистрирани непосредно пред да биде објавен огласот. Бизнис тежок стотици илјади евра заврши кај лични пријатели на врхушката на власт.

Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала.

Оливер Спасовски мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат безбедност и држава во која власта е чувар на јавниот ред и мир, а не загрозувачки фактор на истиот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре