Николоски посочи на повеќе примери кои се небулозни меѓу кои преименувањето на Македонски шуми во Национални шуми, и слично, а како најпроблематично го посочи преименувањето на Агенцијата за иселеништво во Агенција за иселеништво на Северна Македонија. Според него има  иселеници во Канада и Австралија и од Еегејскиот дел и од Пириснкиот дел и тие остануваат без заштита.

-Не случајно се прави ова да се поништуваат делови од националниот идентитет, во договорот никаде не пишува дека било која институција треба да се нарече национална. Или сега се оди и чекор понатаму од она што го пишува во Договорот од Преспа. Заев и Димитров секаде зборуваа за заштита на идентитетот, јас не гледам како со ова е заштитен идентитетот ако македонско станува национална/национално. И во договорот има преоден период технички и политички кој е во рок од пет години односно од отворање на поглавје или пет години по тоа во однос на важечки материјали, посочи Николоски.

Според него останува како што рече „по дома ќе си кажуваме дека сме Македонци, не знам дали на еден народ му се има ова случено“.

-Образложенијата од владата се смешни. Се поставува прашањето и што е национално,  на која нација се однесува или со ова владата влегува од проблем во проблем, рече Николоски.

Тој посочи дека единствена институција која не го смени името е Претседател. „Се надевам ќе победи Силјановска и нема да се смени ова“, посочи Николоски.