Селективната амнестија на Заев за одредени функционери не беше помирување, туку понижување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во тв интервју на Алфа телевизија во емисијата Отворено истакна дека тоа што се случуваше како амнестија за 27 април не е помирување.

-Тие луѓе беа злоупотребени направени терористи, криминалци, држени во зандани, во куќен притвор, уценувани, притискани и доведени до ивица, и потоа да им се даде сламката за спас, но под услов да го изгубат целото свое достоинство што го граделе цел живот и како луѓе и како карактери во општеството. Тоа не е амнестија, тоа е понижување, тоа не е помирување, тоа е еден процес кој што тие луѓе ги одбележал цел живот и тоа благодарение на еден човек, на Зоран Заев, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека е жално што тој Стокхолмски синдром во кој што жртвата се вљубува во киднаперот сега е присутен кај нив. Не можам да ги оправдам, но можам да ги разберам, вели тој.

Претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ истакна исто така дека силно верува во обединување на сите граѓани во Република Македонија на македонското јадро, околу идејата која што на овие претседателски избори ќе им се понуди на граѓаните, и е цврсто убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ и на следните парламентарни избори.

Поврзани вести