Самиот состанок беше поделен во два дела и тоа првиот дел беше како да обезбедиме услови за фер претседателски избори и што се барањата на опозицијата, бидејќи владата е таа што ги организира и што ги спроведува заедно со ДИК, претседателските избори. И вториот дел беше посветен на реформските закони како дел од тој сет реформски закони беше придодаден овој закон за јавното обвинителство, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не постои нов закон за СЈО lex specialis што би рекле ние бидејќи претпоставувам е констатирано дека тој беше противуставен сам по себе до сега како што функционираше. И се обидува да се најде модус како тој истиот закон да биде инкорпориран во новиот закон за јавното обвинителство на Република Македонија. Практично предвидено е да се создаде нов оддел за гонење на висок криминал и корупција кој што практично би бил еден вид наследник на ова т.н. СЈО кое што досега функционираше.

Навистина, јас повеќе сакав да разговарам за иднината како што кажав на Република Македонија, како да ја вратиме довербата во судството, како да ги спроведеме реалните реформи во обвинителството, како да ја подобриме економијата во државата и да видиме како ние како опозиција можеме да допринесеме во сето тоа. Врз основа на надлежностите кои се пропишани според овој предлог закон за кој што ние треба да разговараме и да преговараме можеби и полошо од тоа што беше од сега, односно тоа ќе биде практично дополнителна алатка за пресметување на неистомислениците политички кои што во овој момент владата на СДСМ ги гони, истакна Мицкоски.

При самото излагање во дневникот Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е против Катица Јанева и овој состав на обвинители кои што се дел од нејзиниот тим од една проста и едноставна причина што не само што ги изгубија човечкиот туку ги изгубија и професионалниот кредибилитет. Не ги оправдаа очекувањата на јавноста.

Мицкоски образложи дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно да за правото и правдината, ВМРО-ДПМНЕ секога ќе остане на линија на заштита на правото и правдината, но не со овие луѓе. И во име на тоа предложил пред претседателот на Владата да опозицијата предложи иден јавен обвинител кој што ќе прерасне во пракса и во иднина. Да се зголеми опфатот на криминалиите да се видат како се случувале големите приватизации, како се случи бонбона бизнисот, приватизацијата на ЕСМ, ОКТА итн.