СДСМ создаде хаос во земјоделието, субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

СДСМ повторно лаже. Во време на ВМРО-ДПМНЕ министерството за земјоделство давало под закуп на државно земјоделско земјиште за инвестициски проекти во преработувачки капацитети и примарно земјоделско производство.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година за првпат во историјата на Република Македонија овозможи за достапност на земјоделско земјиште за широк круг на индивидуални земјоделци и правни лица. Пред 2006 година целото земјоделско земјиште во Република Македонија беше во посед на само 400 лица блиски до СДСМ, тоа е корегирано од ВМРО-ДПМНЕ и сега земјиштето е во посед на вистинските земјоделци.

СДСМ за овие две години колку што е власт создаде хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.

Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај.

СДСМ го уништи земјоделието во овие две години, затоа СДСМ мора да си замине.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре