СДСМ манипулира и лаже – Граѓаните многу добро на своја кожа ги чувствуваат погрешните економски политики на власта

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ манипулираат и лажат со јавноста.  Граѓаните многу добро на своја кожа ги чувствуваат погрешните економски политики на власта.

Реалноста е дека државата предводена од СДСМ на економски план крахира.  Доколку навистина имаше некаков економски успех немаше да се зголемува  сиромаштијата и повеќе од  500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата.

СДСМ  си ги бројат роднините и партиските членови кои ги вработија во јавната администрација и така прикажуваат дека ја намалиле невработеноста.  На сметка на овие непотистички вработувања, македонските граѓани власта ги товари со нови покачени даноци и давачки.

 Странските инвеститори ја заобиколуваат државата, а граѓаните се уште ги очекуваат наводните огромни инвестиции на Гугл и Фејсбук кои Заев толку многу ги најавуваше.

Единствена светла точка во економијата ни се странските инвестиции кои ги донесе или веќе беа договорени за инвестирање од страна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистински и реални економски резултати Македонија ќе има само доколку СДСМ и нивниот криминален картел си заминат од власт. Токму затоа казната од граѓаните ќе ја добијат на претседателските избори кои ќе бидат вовед во предвремени парламентарни  за да може ова зло кое надвиснало над Македонија да си замине.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре