СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство

СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство.

СДСМ е партијата која парите во здравството, наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема за здравствените установи, ги троши за непродуктивни работи.

Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.

Немаат слух ниту за 30 деца со лесна кршливост на коските кои цела година се без неопходната терапија. Овие алармантни податоци беа обелоденети во јавноста.

Грипот зeма се поголем зафат, има починати 4 лица, а епидемијата на морбилите коси низ целата територија на државата. Има епидемија на морбили, а на праг е и епидемија на грип. На епидемијата со морбили и покрај мерките не и се гледа крајот, а за состојбата со грипот нема ниту мерки. Молк од Филипче.

Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го зголемува хаосот во здравството.

За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре