Расипништвото на СДСМ предизвика јавниот долг за првпат во историјата да надмине 5 милијарди евра и 50% од БДП

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Драган Тевдовски

Заев и Тевдовски за две години ја задолжија државата за нови половина милијарда евра. Расипништвото на СДСМ предизвика јавниот долг за првпат во историјата да надмине 5 милијарди евра и 50% од БДП.

СДСМ ја презадолжува државата и сериозно ја нарушува солвентноста.

Додека власта руши рекорди во милијарди долг, државата стагнира. Нема нови проекти, нема инвестиции. Во месец јануари оваа година нивото на реализирани капитални инвестиции изнесува само нешто над 1%.

Во време кога власта се води по принципот „Ако немаат да јадат леб, дајте им колачи“ и додека Заев оди по виенски балови во скапа гардероба, над 500.000 граѓани во државата живеат  под прагот на сиромаштија.

Од опозиција велеа дека нема да се задолжуваат и ќе работат домаќински, две години откако се на власт работат расипнички и се задолжуваат без потреба.

Да го направеа бројчаникот со кој се фалеа во предизборието до сега  ќе прегореше од милијардите задолжување.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре