Проектот Катица Јанева е завршена приказна, СЈО не ги исполни очекувањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Отворено на Алфа Телевизија посочи дека проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполнило очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните.

– Можам да кажам дека СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара и тоа е јасно видливо и на анкетите и оние мерења на мислења на граѓаните какви мислење имаат тие за СЈО, чија алатка, во чии раце е СЈО и така натаму, вели Мицкоски.

Во врска со неговата средба со Јанева тој вели дека таа истата ја експлоатираше по медиуми, но на истата не успеала да го убеди во нејзините капацитети и потврдила дека нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво.

– Не само што не успеа да ме убеди во нејзините капацитети како човек и нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво и ја пропушти својата шанса да биде Специјален јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Таа се претстави во едно лошо светло и не ј а заслужува поддршката ниту таа ниту тој тим, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести