Постои силен сомнеж за уште едно мешање на политикaта во работата на независните институции

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара од пратениците на СДСМ и нивната коалиција да кажат пред граѓаните дали ги имаат дописите од Венецијанската Комисија кои што упатуваа на силни критики за предвременото менување за оваа комисија.

-Силните критики на Венецијанската Комисија како и на други европски организации кои остро застануваат против одредбата за предвремен прекин на мандатот на ова тело, две години порано, што е причина за силен сомнеж, стои во мислењето на Венецијанската Комисија, истакна пратеничната Ласовска.

Таа додаде дека постои силен сомнеж за уште едно мешање на политикaта во работата на независните институции.

-Во ваков случај Венецијанската Комисија констатира дека во нацрт законот за спречување на заштита од дискриминација, нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независнот на комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата, додаде Ласовска.

Поврзани вести

Најгоре