Пендаровски треба да ги аминува сите обезличувања и обесчестувања

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Консултативен референдум е манипулација со народот. Или има референдум или нема. Ова почитувани е став на Стево Пендаровски. Ама кога беше во опозиција.

Тогаш паметуваше: Името не може да го смени само со власта ниту пак за судбината на државата треба да решава само еден човек. За да се промени името треба да се оди на задолжителен референдум, а не консултативен.

Па Пендаровски продолжува: Значи луѓето овде се согласиле на географска додавка. Кого прашаа? Кој ги овласти? Само се спорат дали е пред Македонија, или е пред Република? Кој им дал право да се договараат за географска додавка?

Спорот околу името. може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900 илјади гласови. Без единство тоа не е можно.

Ова се зборови на Стево Пендаровски – уште еден Заев, полн заевистички погодок – едно зборуваше во опозиција, ништо од тоа не спроведе како власт, се што зинал – за џабе било!

Овој Пендаровски сега треба да биде корисен за да ги аминува сите обезличувања и обесчестувања сето изживување на заевизмот врз државата и народот – од двојазичноста, преку сите бришења од капитулацијата, до идните обезличувања како грб, химна, знаме на државата. За Стево тоа е прифатливо, тој и онака само треба да остане послушник!

Почитувани, ќе ви го нудат Стево Пендаровски како нов и свеж интелектуалец, а всушност ви нудат Заевизам спакуван во лаги од 2014 година. Заедно ќе го поразиме заевизмот, сега и на предвремените парламентарни избори.

Поврзани вести

Најгоре