Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен

Соопштение до јавноста – реакција на обраќањето на Зоран Заев

Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ.

Денес не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција.

СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски.

Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев – слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија.

Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста.

Граѓаните видоа што направи со Република Македонија еден Заев, дополнително полошо ќе биде со двајца политичари од ист калибар.

Зоран Заев две години ја држи Република Македонија под длабок мраз, со заробено судство, економија која тоне, загадена животна средина, девалвиран образовен и здравствен систем, нарушена безбедност и најлошо од се, безперспективност.

Власта две години нанесе само порази. Државата не смее да тоне, државата мора да оди напред. СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре