Очекував искрено реално да добиеме 100% или барем 99.9% ново законско решение со нови одредби, согласно она што вие го најавивте, нагласи Затуроска.

Ова предложено законско решение имаме сооднос 99.9% одредби од постоечкото законско решение или старото законско решение. И само 0.01% нови измени, тоа значи само еден нов член кој што е додаден во ова законско решение, а тоа е членот 49 и неколку видо изменети членови во смисла, првата реченица е последна, последната се става на средина, а средната реченица се поделува нешто оди на почеток, нешто на крај, потенцираше Затуроска.