Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Дали ги изнесовте вашите барања, односно забелешки во врска со законот за СЈО, што е со предвремените парламентарни избори ?

Одоговор: Ако веќе навлегуваме во супстанцата на денешниве преговори, ќе кажам дека најпрвин во првиот дел ги изнесовме нашите забелешки во делот на тоа дека чувствуваме дека има вештачки вработувања во рамките на локалната и државната управа. Дека сето тоа не води во насока на релаксирање на состојбите пред пред претседателските избори. Има трансфери од буџетот кои што се наменски имаат цел да таргетираат определени целни групи кои што ќе бидат во функција на кандидатот поддржан од страна на владата. Имаме промотивни активности кои што навистина не се исто така во функција на релаксирање на состојбата. Ги укажавме оние случувања кои што беа за време на референдумот, гласање за 2,4 секунди, излезенот поголема од 95%, притисокот кој што одредени медиуми официјално или полуофицијлано ни го пренесуваат. Така што генерално сите тие наши забелешки во оној прв дел од разговорот што би значел еден кредибилен изборен циклус за претседателските избори ги изнесовме. Дополнително потенциравме изборни места каде што имаме докази за неправилности за време на референдумското изјаснување, да не ни се повторат. Така што сето тоа во многу нешта ќе влијае дали Македонија ќе ја добие таа покана за отпочнување на преговори со Европската Унија или не.

Впрочем на претседателските избори имаме и прв и втор круг така што многу нешта ќе зависат од владата бидејќи владата ги организира претседателските избори.

Во второт дел исто така разговаравме за реформските закони, разговаравме за законот за јавното обвинителство. Принципиелно изнесовме нашите ставови. Ние предлог текстот го добивме некаде во четврток, така што немавме многу време да се посветиме на супстанцата на предлог законот, но она што за нас е значајно како политичка партија  е тоа што овој специјален јавен обвинител го загуби комплетниот имиџ и професионален кредибилитет за да ја добие нашата поддршка во иднина и нејзиниот тим вклучително тука. Инаку приципиелно интегрирање на СЈО во рамките на ЈО можеме да го отвориме како тема и да дискутираме, бидејќи е дел од сетот реформски закони. Но она кое што се вели право и обврски на идното јавно обвинтелство и сите оние делови кои што ќе призлезат од новиот закон за јавното обвинителство треба да бидат предмет на преговори на работни групи помеѓу политичките партии. Ние сме подготвени да седнеме да преговараме. Го изнесовме и нашето барање за Јавен обвинител кој што ќе биде на предлог на опозицијата, добивме одредени аргументи, претпоставувам ќе го прашате претседателот на владата кои се нивните аргументи, зошто тоа во овој момент не би можело да се случи. Но и тука можеме да направиме компромис да биде со одложено дејство за шест месеци, за една година и мислиме дека тоа само може да биде додадена вредност во демократските процеси во Република Македонија.

Не гледам причина зошто да бегаме од една таква одлука. Да го прошириме опфатот да видиме да се вратиме малку назад во времето да дискутираме за некои други случаи кои политички беа затварани како што е продажбата на Електростопанството, како што е продажбата на Телеком, како што се приватизациите на определени други комбинати во Република Македонија, санацации политички случаи во минатото. Зошто да не разговараме за онаа фрустрација која латентно владее во општеството и граѓаните ја препознаваат.

Прашање новинар: Ќе може ли да ни кажете, не се согласувате ниту со текстот ниту со тоа Катица Јанева да биде, дел.Спомнувате за работни групи, текстот го имате од четврток, со кој дел од законот не се согласувате? И за претседателските дали добивте уверување дека тие ќе бидат демократски, дали сте сигурни, да испадне дека првиот круг се демократски, а вториот круг да бојкотирате?

Одговор: Ќе се обидам да бидам краток и да го сублимирам одговорот на прашањето. Дека имаме многу забелешки вака на почеток, се надевам дека работните групи понатаму ќе навлезат во супстратот во предлог законот кој што е дел од законите кои што се дел од реформската агенда и ќе можеме подетално во периодот кој што следи да ја информираме јавноста.

Во четвртокот го добивме предлог текстот за законот за јавното обвинителство на Република Македонија. Досега немавме можности да влеземе во супстратот на овој предлог закон. Но она кое што можам да го кажам на прва е тоа дека овој Специјален Јавен Обвинител заедно со нејзиниот тим, не може и не смее да ја добие довербата бидејќи не само што не ја оправдаа довербата од граѓаните кога беа формирани, туку напротив во многу наврати истата таа доверба ја злоупотребија. Лично мислам дека и како човек и како професионалец не треба да ја добие таа доверба од страна на политичките партии но и јавноста во Република Македонија. Да сме за отворање на разговори и преговори на партиско ниво помеѓу опозицијата и владејачкото мнозинство околу содржината на законот. Да сме да отпочнеме еден таков дијалог. Се договоривме да од утрешниот ден па натаму ги формираме тие работни групи да отпочнат една дебата да го прошимириме и опфатот, да отвориме и теми кои што политички беа затварани во минатото. Зошто да не отвориме нешто што овие граѓани ги фрустрираше изминативе 27, 28 години транзиција и независност на Република Македонија. Да ги затвориме еднаш засекогаш за да можеме да одиме напред. Јас дадов предлог еве и на време на средбата и сега да почне тоа од мене и од моето семејство истото го побарав и од претседателот на владата и тој рече во ред, нема никаков проблем. Така што да го отвориме буквално сето она кое што во минатото беше некако под тепих ставано, а кое што немаше јасна завршница помеѓу македонската јавност.

Ме прашавте за претседателските избори, да од страна на претседателот на владата беа прифатени нашите забелешки, примени, сослушани. Се разбира за дел од нив треба да се консултира со своите соработници. Договоривме оперативна комуникација помеѓу двата изборни штаба на двата конкуренти, се надевам дека и третиот ќе ни се приклучи, бидејќи ова беше сепак дијалог помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ поддржува еден кандидат, СДСМ друг кандидат, имаме и трет кандидат поддржан од други политички партии, не гледам причина зошто тој да не ни се придружи и тој изборен штаб. Така што на оперативно ниво ќе ги разменуваме мислењата.

Прашање новинар: Верувате ли дека ќе биде фер и регуларен изборниот процес?

Одговор: Како што е сега почетокот немам гаранција дека ќе биде процесот фер, коректен и демократски, но затоа ја имавме оваа средба ги кажавме нашите забелешки, да видиме овие денови да дадеме шанса Владата да се корегира во нејзиното однесување и така би добиле ние фер кредибилен и демократски процес во кој што повторувам идниот претседател на Република Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова.

Прашање новинар: Вие и професорката Давкова велите дека народот треба да гласа за вас и со тоа Заев да си замине од позиција. како ќе не уверите дека вие нема да владеете како Груевски?

 Одговор: Како што и беше почетокот на вашето прашање, така ќе го започнам одговорот, најпрво треба да заврши овој изборен циклус, оваа претседателска трка. Професорката Силјановска Давкова да биде идниот претседател на Република Македонија, да имаме предвремени парламентарни избори. Јас сум уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на тие парламентарни избори ќе ја формира новата Влада во Република Македонија и ќе треба да бидете трпеливи тогаш да видите како ВМРО-ДПМНЕ ќе владее. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе владее како вие што велите и се повикувате на периодот на господинот Груевски, ќе владее како што сега владее господинот Заев или ќе владее иновативно, онака како што тоа го ветуваме и го разговараме со граѓаните во Република Македонија, честито, принципиелно и искрено и ќе ја направи Македонија земја кај што ќе имаме моќност за сите граѓани без разлика на нивната верска, политичка или етничка припадност.

Прашање новинар: Постои едно временско ограничување за гласање на законот за јавното обвинителство кој е клучен за да се даде позитивна оценка за на земјава да и се даде датум за почеток на преговори.Претпоставувам дека како одговорна опозиција го имате тоа предвид. Затоа малку сме збунети од инфоамцијата за работни групи кога знаеме дека собранието се распушта на 21 март и после тоа нема можност за гласање на овој закон?

Одговор: Па видете со рокови во животот и со ултиматуми тешко се снаоѓам како човек, нити пак прифаќам нити пак некогаш во животот ќе прифатам било кој ултиматум рок. Можеше законот нас да ни биде доставен пред распуштање на Парламентот и ние мораше да го усвоиме за да може да ги задоволиме страстите на поедини структури во општеството? Не. Или ќе направиме производ кој што ќе има супстанца, кој ќе значи и ќе им користи на сите граѓани и ќе биде заштитник на нивните права, или пак е подобро да немавме ваков хибрид како изминатите 4 години. Исто така се постави легитимно прашањето денеска на средбата да го провериме и работењето на оваа институција коа што функционираше овие 4 години. Тие луѓе потрошија милиони пари на граѓаните и на даночните обврзници. Имаме сериозни индиции дека не е работено по закон.Ние реагираме максимално брзо. Ние ќе реагираме практично многу промптно на сето ова, но дали ќе се вклопиме во рамките на ова што вие го кажувате, не знам. Јас денес разговарав со претседателот на Владата и договоривме дека од утре практично, ќе бидат формирани работни тимови кои ќе работат на супстанцата на овој предлог закон. Исто така работни тимови ќе работат на останатите реформски закони. Не е само овој дел од реформските закони. Имаме барем уште десетина други. Не значи дека ако овој се донесе , а другите не се донесат повторно ќе добиеме датум за преговори. Така што ќе мора да бидете повеќе трпеливи, ќе мора да работиме повеќе на квалитетот отколку да работиме на квантитетот.

Поврзани вести

Најгоре