Одговор на новинарско прашање

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на законот за јавното обвинителство?

Одговор: Како што знам денеска поминал законот за СЈО во Влада. Треба да оди во Собранието така да ние ќе треба да го погледнеме. Нашите правни експерти да го погледнат законот и веднаш потоа ќе излеземе со став, нормално по тоа прашање. Досега знаеме дека СЈО беше само предмет инструмент за уцени и политички прогон, така да не се сомневаме дека и понатака би било истото меѓутоа сепак да го добиеме законот, да го разгледаат, да го погледнат нашите правни експерти, да се разговара на него низ партиските тела. Веднаш потоа ќе излеземе со конечен став.

Поврзани вести

Најгоре