Никогаш не било полошо, никогаш не било по безнадежно, се вработуваат само роднини на функционери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Куманово од каде објави и фотографии од средбата со младите од овој град.

-Бев на кафе дружба со младите од Куманово.

За жал во нивните очи се гледа само безизленост од очајната ситуација во која се наоѓа државата. Сите се со иста намера да се отселат од Република Македонија и да си ја бараат среќата надвор.

Велат, никогаш не било полошо, никогаш не било по безнадежно. Освен вработувања на роднини на функционерите од власта, никој друг нема шанса да се вработи според своите капацитети, без разлика на образованието и жртвата која ја понеле да се остварат како професионалци во областите.

Заедно ќе застанеме пред предизвиците и заедно ќе изградиме иднина за нас и за идните генерации.

Поддршката за професорката Силјаноска ќе значи почеток на градење на една нова перспектива и иднина за сите млади во Република Македонија.

Заедно ќе победиме!!!

Поврзани вести