Ние се залагаме за реална поддршка на компаниите кои имаат шанса за развој, тие мора да се столбот на домашната економија

Бев во посета на производствениот капацитет на Бучен Козјак од Куманово, компанија која има услови дополнително да се развива. Разговаравме за потенцијалите и за можноста за развој и проширување. Разговаравме и за проблемите кои го мачат домашниот бизнис, процедурите и пречките кои постојат во бизнис заедницата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ние се залагаме за реална поддршка на компаниите кои имаат шанса за развој, тие мора да се столбот на домашната економија. Секое ширење на овие компании значи нови работни места и нова шанса за многу луѓе. За да се случи тоа мора Владата да го промени сегашниот однос кон бизнис заедницата, системот на повисоки даноци го гуши стопанството. Да создаваме вистински вредности и партнерски однос кон она што ќе и донесе на државата додадена вредност, вистинска грижа за компаниите. Наш силен приоритет ќе биде поддршка и партнерски однос кон домашниот бизнис, пишува Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре