– Пред практично да биде пресудата обзнанена од страна на судијата кој што е одговорен овој процес каде што е опфатен господинот Чавков, МВР издава наредба да се приведе на истиот метод на истиот начин полумафијашки јас би рекол како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со службени белешки, измислена службена белешка измислена куќа во една наша соседна држава, вели Мицкоски.

Тој посочи дека тука веќе има две суштински работи тоа е дека некој ја знае веќе пресудата, а другата е се разбира осветољубие и ништо друго.

– Го имаме овој мафијашки пристап во кој се следи лицето кое што треба да биде осудено и егзекутирано се апси, се приведува а основа претставува службена белешка која е симптоматична белешка со тврдење дека се подготвувал да избега во викендицата која е во соседна држава, а семејството еве излезе и демантира, а впрочем е и лесно да се провери дали има, нагласи Мицкоски.