Мицкоски од Гостивар: Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чувствува меѓу граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Гостивар, а откако претходно беше во фабриката за тули, сега замина во населбата Циглана каде имаше средба со жителите.

-Ги посетив жителите на гостиварската населба Циглана.

Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чуствува меѓу граѓаните.

Една средовечна жена ми вели, имаме фијаско и секој ден слушаме лоши вести, го чуствуваме лошиот живот на наша сопствена кожа. И реалниот живот не се баловите на кој оди премиерот, не се ниту оние скапи автомобили кои ги вози, туку реалниот живот е тука во гостиварска Циглана и насекаде во Македонија каде се чувствува сиромаштијата и безпарицата.

Правдата е згазена, владеењето на правото уништено. На Македонија и треба препород и промени. На Македонија и треба честитост и знаење и ние тоа ќе го донесеме.

Битката на нашата генерација е за правда и подобар живот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...