Мицевски: Македонија денес благодарение на СДСМ се третира како оаза на криминалот и корупцијата

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, денес ја отвори седницата каде што беше ставена интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и образложи зошто тој треба дфа ја напушти таа функција.

-Не можеме да си дозволиме функцијата министер за внатрешни работи да ја раководи неодговорен и несериозен човек како што е Оливер Спасовски. Ова министерство наместо да биде чувар на сигурноста и безбедноста благодарение на Оливер Спасовски денес е олицетворение на сојузник на криминалот и инструмент за казнување на политички неистомисленици, појасни Мицевски.

Мицевски нагласи дека на овој хаос мора да се стави крај и министерот Оливер Спасовски да ја напушти оваа функција со што би дошол кадарен, способен и одговорен човек кој што успешно ќе се справува со предизвиците и ќе биде министер за граѓаните, а не министер за потребите на СДСМ.

Дури Мицевски го потсети Спасовски дека Министерството за внатрешни работи треба да биде чувар на Уставот и Законите и да работи за нивно непречено спроведување и почитување, а не да биде пример за нивно кршење, непочитување и создавање на хаос во општеството.

-Ги повикуваме и пратениците од парламентарното мнозинство да ја поддржат оваа интерпелација со што би придонеле во иднина да не се повторуваат кадри како Оливер Спасовски да бидат на чело на вакви битни функции. Да ставиме крај на министрите кои наместо да работат за интересите на граѓаните единствено што се грижат е за партиските интереси на партиите на власт, рече Мицевски.

Мицевски образложи дека мора да се смени сликата за нашата држава која благодарение на СДСМ денес се третира како оаза на криминалот и корупцијата, а тоа може да се започне уште денес со тоа што сите заедно ќе дадат поддршка за оваа интерпелација.

Поврзани вести