Градоначалникот на Република Македонија кој што е пример за селективна правда е г. Боро Стојчев, шверцер за цигари, криумчар долги години, член на СДСМ. Кој што беше фатен во шверцување на цигари со влијание на СДСМ беше преправен на кривичната пријава да не биде криумчарење туку да биде криумчарење во обид. Беше осуден на 18 месеци затвор за да на крајот бидејќи е близок пријател на СДСМ на премиерот и на министерот да одлежи само 5 месеци од кои што е само два во притвор, појасни Милошоски.

Според Милошоски Боро Стојчев е парадигмата и е симболот на тоа како се однесува еден функционер на СДСМ и како после правдата се злоупотребува, законите се менуваат, на судиите и на обвинителите им се врши притисок, се прават ургенции за после да имаме на крајот исход кој што е поголем за оној кој што го прекршил законот.