На многу дрзок и арогантен начин одговаравте, а да не сте биле пратеник да го разберам однесувањето затоа што имаме вака докази за министри кои што не биле пратеници и не знаат како треба да се однесуваат во Собранието. Но вие сте биле пратеник, сте поднесувале интерпелации и многу добро знаете дека на опозицијата тоа и е работа.

Однесувањата на министрите се навистина во последниве неколку години откако сте на власт со ретки исклучоци многу дрски и многу арогантни, појасни на Спасовски, Ласовска при самото излагање на седницата. Ласовска рече дека Спасовски говорел како да не е две години на власт и како да има интерпелација за министер на ВМРО-ДПМНЕ, а не негово.