Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа и крах на економијата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата. Тие за две изминати години имаат просечен раст на БДП од 2,05%, убедливо најнизок во регионот и Европа. Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис, а на листата за перцепција на корупција сме на 93 место зад Руанда, Намибија и Свазиленд. За владата очигледно е одлично тоа што 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се покачуваат даноците и акцизите, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа. Заради неспособноста на оваа влада за две години јавниот долг е пораснат над психолошката граница од 5 милијарди евра или над 50% од БПД, односно секое просечно семејство е задолжено за нови 1000 евра долг поради оваа власт.

Од друга страна најголемиот буџет во историјата на Македонија наместо за капитални инвестиции, училишта, градинки, патишта , болници се троши за покривања непотистички вработувања на мајки, синови, ќерки, золви, снаи, зетовци  и други блиски роднини во администрацијата за натпросечни плати. Ова е “Мира Дизел моделот“ за покачување на плати и намалување на невработеноста кој што единствено знае оваа власт да го прави.

Крахот на економијата поради погрешните и штетни политики на оваа власт е очигледен. Неуспесите може да престанат само ако оваа власт падне на избори. Почетокот на падот и демонтажата на власта почнува со Претседателските избори кога граѓаните јасно ќе ги казнат за нивниот криминал и корупција.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре