Kолку СДСМ се грижи за земјоделието говори фактот што откако се на власт Македонија има пад во земјоделскиот сектор

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделието говори фактот што откако се на власт Македонија има пад во земјоделскиот сектор.

ДЗС потврди дека земјава во 2018 година споредено со 2017 година бележи пад од 5% во земјоделието, а во 2017 година во однос на 2016 година од 13,5%.

Исто така податоците на ДЗС говорат и дека извозот во 2018 година споредено со 2017 година е намален за 3,7%, а увозот  зголемен за 1,1%.

Податоците на ДЗС потврдуваат дека откако е СДСМ на власт земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат, а државата станува увозно зависна.

Тоа е резултат на негрижата на СДСМ за земјоделието. Ветувањата за загарантиран откуп, пласман и нови пазари останаа само мртво слово на хартија.   Земјоделските производи наместо на пазарите завршуваат на буниште.

СДСМ направи пустош во македонското земјоделие, го потцени трудот на земјоделците и го погази нивното достоинство.   Земјоделците заслужуваат подобро, токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре