Додека власта се фали колку е розева сликата во економијата, половина милион граѓани во Република Македонија живеат под прагот на сиромаштија

Соопштение до јавноста – реакција на интервјуто на Кочо Анѓушев

Странските директни инвестиции (СДИ) во 2018 година се за 4 пати помали од истите во 2008 година. Анѓушев манипулира со граѓаните. Од бројката од 624 милиони евра со која се фали власта, над 400 милиони евра се реинвестирана добивка, додека само 200 милиони евра се реални странски директни инвестиции, а 60 милиони се стигнати од Бермуда и Бахами.

СДСМ треба да им каже на граѓаните дека вистинската висина на СДИ е само 2.1% од БДП.

И додека власта се фали колку е розева сликата во економијата, половина милион граѓани во Република Македонија живеат под прагот на сиромаштија.

Откако СДСМ е на власт економијата буквално тоне. За само две години јавниот долг е зголемен за скоро половина милијарда евра, а инвестиции нема. Нивото на реализација на капитални инвестиции во јануари е само 1%. Ова е доказ дека и оваа година власта нема ништо да гради.

СДСМ за две години покажа дека нема економски план за државата. СДСМ треба  да си замине. Анѓушев, Заев и остатокот од владата не се способни да генерираат раст и развој за државата.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре