Ме интересира дали токму вие дадовте препорака за укинување на МНТ Фест, меѓународен фестивал кој што го организираше најголемата театарска куќа во Македонија и на сметка на што? Дали вие или членовите на комисијата вака го разбирате развојот на македонската култура со укинување на се што е добро или пак членовите на комисијата оваа година, претходната година не можат да го поднесат тоа што претходната влада го направија во рамките на драмската дејност затоа што не може туку така да се избрише нешто почнувајќи од изградба на нов театар, вработување, програмски содржини итн.

Мора да се земи во предвид дека на овој фестивал учествува најголеми театарски куќи како од регионот така и од светот и ако не вие, тогаш кој инсистирал на ова, затоа што е жално, вели Лашкоска.