Таа го запраша Алаѓозовски дали смета дека е во ред што дури 15 милиони денари распределени во разни области дал кај свои пријатели во организацијата Контрапункт во која што до неодамна бил член па дури и основач.

Во своето излагање Лашкоска упати прашање и до советникот за култура на Заев, Цветанка Ласкова во кое запраша по кој акт ,закон или решение на неа и е доделено правото да врши ревидирање на годишната програма и дали не се чувствува непријатно што ревидирала програма на Весна Ѓиновска Илкова првенец солист во оперското пеење која е впрочем и еден од членовите на комисијата во областа на музичката и сценската дејност

Исто така Лашкоска прашува како е можно еден од најстарите и најреномираните фестивали, Валандово фест му се доделени само 1 милион денари што е три пати помалку од трите милиони кои ги добиваше за организирање и реализација додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.