Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани во повеќе општини

Членовите на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска  заедно со членови на партијата остварија средба со граѓаните во повеќе општини.

Тие  се сретнаа со граѓаните во  населените места Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци во кочанско.

Граѓаните посочија дека секојдневно се соочуваат со проблеми, и животот е потежок од ден на ден. Особено голем проблем изминатата година им преставувал откупот на оризот, поради што истакнаа дека се крајно разочарани од земјоделските политики на оваа власт.

Освен во кочанско, членовите на ВМРО-ДПМНЕ  ги посетија и населените места Бач и Гермијан во општина Новаци. Граѓаните посочија дека  политичката и економската криза во државата има влијание врз секојдневниот живот.

Освен земјоделието жителите на овие населени места го посочија и отселувањето на младите ккао еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат, поради бесперспективноста и огромната разочараност.

Претставници на партијата беа и во општините Гази Баба и Зелениково.

Граѓаните на овие две општини посочија дека последната година не е направено ништо за нивните општини. Разочарани се од големите ветувања на власта во периодот пред изборите кои сега се претвориле во огромни разочарувања.

Никакви инфраструктурни проекти не се реалзираат во населените места на овие две општини.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги нотираа забелешките на граѓаните и истакнаа дека токму заедно со нив ќе ја поразат оваа власт на престојните претседателски избори и со тоа ќе отпочне рушењето на власта на Заев и СДСМ на централно ниво.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ваквите средби ќе помогнат заедно со народот да креираат сеопфатна програма која во иднина ќе биде понудена како решение за
барањата и проблемите на граѓаните.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...