Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани во повеќе општини

Претставници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска се на терен посетувајќи повеќе населени места по градовите низ државата.

Во Општина Гази Баба посетени беа населените места Јурумлери и Идризово, каде граѓаните се пожалија на се полошите услови во кои живеат. Власта апсолутно нема направено ништо со што ќе го подобри нивниот живот, напротив ситуацијата секојдневно се влошува. Трошоците растат, граѓаните се повеќе осиромашуваат, желбата на младите за напуштање на државата станува се поголема.

Членови на ИК го посетија и Зелениково. Граѓаните на ова место посочија дека се целосно заборавени од страна на власта. Власта тука е глува на проблемите на граѓаните, се поголем број луѓе едвај крпат крај со крај во месецот, а сиромаштијата која ја донесе СДСМ ја чувствува секое семејство.

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа и во посета на кочанско во населените места Тркање и Бели. Власта тука нема исполнето ниту едно ветување, а граѓаните на своја кожа ги чувствуваат црнилата кои ги носи власта на СДСМ. Тие се пожалија на пустошот кој власта го направи во земјоделието, ниските откупни цени, немањето пласман и погазувањето на трудот на земјоделците.

Заедничко за сите е лошата економска ситуација, нереализираните ветувања и неспорведувањето на ниту една инвестиција како во инфраструктурата, така и во образованието, здравството, земјоделието. Граѓаните порачаа дека СДСМ ја влоши ситуацијата, тие секојдневно стануваат се посиромашни, и токму затоа време е да си замине.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...