Честитка по повод празникот Велики поклади – Прочка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски

Честитка по повод празникот Велики поклади – Прочка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади -Прочка.

Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден кога секој од нас чувствува милоста Божја треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг. Заемното почитување и помагање треба да бидат наша водилка за заеднички да ги пребродиме темните времиња и да се спротивставиме на сите предизвици и премрежија.

Денес е денот кога треба да се побара, но и да се даде прошка. Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден.

Нашиот народ секогаш проштевал, споделувајќи ги заедничките христијански вредности затоа што секогаш знаел дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија.

Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е девастирано,кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.  Спокојот и мирот нека завладеат во сечиј наш дом, да ги почитуваме нашите ближни, соседи и пријатели. Да го следиме патот на почитувањето, проштевањето и љубовта и заеднички да работиме за просперитетна и успешна иднина за нас и нашите идни генерации.

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести