Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот.

Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија поддршка ниту на референдумот да ја бришат историјата, традицијата и културата на Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев ги погазија  демократијата и правдата во  Република Македонија. Немајќи смелост да се соочи со волјата на граѓаните која беше јасно искажана на референдумот,  Заев посегна кон силување на институциите, државата и волјата на сопствениот народ.

Со ваквото насилничко носење на закони спротивно одлуката на народот и присилното собирање на гласови во законодавниот дом под закани за политички прогон, СДСМ и Зоран Заев го изгубија легитимитетот да зборуваат за демократски и европски вредности.

Тоа што и се случи на Македонија е срам и преседан кој нема допирни точки со демократијата. Таков пример се нема случено во ниту една земја од западниот демократски свет.

Јавноста конечно ја виде позадината на политичкиот прогон преку СЈО и обвинението за настаните од 27 април. Монтирани обвиненија против пратеници кои подоцна ги искористија како уцени за добивање на двотретинско со цел менување на уставното име на Република Македонија и спроведување на договорот од Преспа.

СДСМ со нивните насилнички и недемократски методи побараа и  добија поддршка од истите пратеници за кои викаа дека се најголемо зло и им посакуваа се најлошо да им се случи.

Силувањето на демократијата во Македонија од страна на власта само повеќе ќе го поларизира општеството. Недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај македонскиот народ кој јасно порача дека е против менување на името на државата, против менување на личните исправи и против менување на историјата, традицијата и културата.

Со овој чин СДСМ и Заев ставија крај на своите кариери. Многу скоро ќе мора да се соочат со граѓаните, а тогаш оваа антинародна и недемократска власт ќе замине во историјата.

Македонија и македонскиот народ многу пати во историјата се соочувале со тешки премрежија но секогаш излегувале како победници токму затоа што народот никогаш не се откажувал од својата земја.

Демократијата и интегритетот на Македонија ќе и се вратат кога ќе си замине оваа ненародна власт и зло кое што и се случува на нашата држава. Македонија победувала и повторно ќе победи.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести