Заев и 80-те очајни пратеници не добиле глас и мандат за реализација на антидржавните политики

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и 80-те очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.

Ниту тие од СДСМ и владејачката коалиција, ниту оние кои го поддржаа Заев а беа избрани на листите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, не добиле глас за реализација на антидржавните политики.

Самиот Заев гарантираше дека Уставот нема да се менува бидејќи бил одлучен и европски.

На измамникот Заев зборот му траеше од еден до друг криминален тендер и одлучи да се откаже од се што е македонско и да ги прифати грчките максималистички барања.

Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува.

Тоа беше јасно порачано и од македонските граѓани кои не дадоа поддршка на референдумот и се спротиставија на менување на името на Република Македонија, нејзините историја, култура и традиција.

Референдумот доживеа фијаско, граѓаните не дадоа легитимитет на промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нивната волја,  власта и пратениците мора да ја почитуваат, а не насилнички да ја погазуваат.

Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите.

На насилнички и крајно недемократски начин ги погазија правдата и правната држава и со тоа ставија точка за понатамошен демократски напредок на Република Македонија.

Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници.

Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата.

Ваквото насилство и силување на државата, но и волјата на македонскиот народ се повеќе го поларизира општеството и ја однародува власта.  Погазени се човековите права и достоинството на граѓаните на Република Македонија на кои Зоран Заев им го одзеде правото на самоидентификација.

Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет.

Затоа Зоран Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата.  Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре