СДСМ во време на транзицијата остави без работа над 200.000 граѓани, а сегашниот Закон за стечајци таргетира едвај 6.000 граѓани

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Јагода Шахпаска

Срамно е однесувањето на СДСМ, срамна е сумата од 7.800 денари помош за стечајците. Власта нема право да говори за стечајците, нема право да говори за сите оние луѓе кои ги остави без работа во времето на криминалната транзиција.

СДСМ во време на транзицијата остави без работа над 200 илјади граѓани, а сегашниот Закон за стечајци таргетира едвај 6 илјади граѓани. Граѓаните во мрачните 90-ти ги загубија своите работни места, својот извор на егзистенција само за одреден круг на луѓе близок до тогашната власт на СДСМ да ги оствари своите бизнис интереси.

Власта денес не може со 7.800 денари да ја надомести штетата која им ја нанесе во транзицијата на овие луѓе, нивната изгубена младост, среќа и достоинство, изгубени за време на владеењето на СДСМ.

Уште пострашно е што владеењето на СДСМ денес се повеќе наликува на владеењето на СДСМ во 90-тите години од минатиот век. Јавноста повторно е сведок на фирми кои заминуваат во стечај, економијата е пред колапс, животниот стандард опаѓа, а животот повторно дојде единствено за олигарсите блиски до власта.

Очигледно СДСМ е тука да ја доврши работата и да го спроведе последниот том од криминалната транзиција. Време е Македонија да расчисти со овие корумпирани и криминогени политичари, време е Македонија да заврши со транзиционите политичари кои своите политички кариери ги изградија газејќи на грбот на обичниот граѓанин. Само така и само тогаш Македонија ќе победи.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести