Една година Филип Темелковски – една година нефункционалност во Општина Кисела Вода

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Весна Бошковска

Почитувани,

Една година Филип Темелковски – една година нефункционалност во  Општина Кисела Вода.

За една година од неговиот мандат граѓаните на Општина Кисела Вода го немаат видено градоначалникот.

Единствени кои го виделе градоначалникот се претседателите на Месните заедници кои наместо да ја извршуваат својата обврска служат како партиски војници кои извршуваат приватни задачи за функционери и активисти на СДСМ.

Иако во изборната кампања ветуваше стотици проекти кои би го подобриле животот на од тоа нема ништо.

Ветена е нова градинка во Расадник, но се уште нема, за нов булевар од Пинтија до Драчево, но нема.

Пред изборите ја најавуваше гасификацијата како голем проект и тој не е започнат.

Општинската администрација на чело со градоначалникот Темелковски остана глува на барањата на жителите за нова фекална и атмосферска канализација во Драчево.

Единствен проект со кој се реализира е ваучерот за секое новороденче, проект на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се загрижени и за својата безбедност на Општина Кисела Вода во изминатава година, има постојано насилство, тепачки, граѓани прободени со нож, а во околината на домот за зависници поради расфрланите шприцови и игли насекаде е потенцијална опасност од зарази и болести.

Граѓаните на Кисела Вода ја почувствуваа на своја кожа неспособноста СДСМ и на градоначалникот Филип Темелковски кој покажа дека не може да ја води општината кон подобри.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...