Заев треба да знае дека во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а правото вели дека договорот е правно – политички мртов

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Заев продолжува да ја погазува волјата на граѓаните. Иако над 1 милион и 200 илјади граѓани рекоа НЕ за промена на името, Заев не се откажува и со тоа директно ја крши волјата на граѓаните.

Во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а како такво треба да се гледа низ призма на правото, законите и Уставот. Согласно правото договорот од Преспа е  правно – политички мртов, тоа го кажа ДИК, но тоа го кажува и Уставот. Одењето спротивно е злоупотреба  на  власта.

Зоран Заев наместо насилно да турка спроведување на договор кој е одбиен од граѓаните, треба да си даде оставка како што вети, и не само заради штетниот договор кој го склучи, туку и за руинираната економија, урнисаното здравство и омаловаженото образование.

Република Македонија заслужува да тргне напред. СДСМ и Зоран Заев  треба  да си одат.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре