Неработење, лаги и манипулации, ѓубре и негрижа за општината стана синоним за Аеродром

Интегрален текст од изјава за медиуми на  Дејан Митески,Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром

Почитувани,

Точно една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ  и Златко Марин.

Разочарувањето на жителите од Аеродром е огромно.

Памфлетот делен пред локалните избори единствено остана да сведочи за се што беше ветено, а по само една година власт на сите повеќе од јасно им е дека и ќе остане само на ветување.

Да се потсетиме што ветуваше Марин:

– Чиста вода и чист воздух – во изминатата година загадувањето на воздухот во Аеродром бележи рекорди, а градоначалникот нема намера да преземе ниту една мерка за подобрување на оваа ситуација.

– Повеќе пари за граѓаните – не само што нема повеќе пари за граѓаните, напротив, има појава на масовно осиромашување на граѓаните преку покачување на цените на скоро сите производи неопходни за задоволување на секојдневните потреби.

– Отворена и услужна општина за сите – ниту еден отворен ден на општината.

– Запирање на градежниот хаос и мораториум за нови градби – сите сме сведоци што се случува во Аеродром со изградбата на нови згради, мораториумот и запирање на градежниот хаос не е ниту на повидок, а Марин воден од тесно партиски и бизнис интереси за само една година овозможи изградба на повеќе од 1100 нови станови во Аеродром

– Гасификација – една од најавените мерки за борба против загадувањето, која за жал поради неспособноста на кадрите на СДСМ нема да дочекаме да се реализира

– Паркинг решение за цел Аеродром и преземање на ингеренциите за паркинзите од Град Скопје – ветување кое Златко Марин не е способен да го реализира, а револтот на граѓаните е се поголем

– Подигање на нивото на комуналниот ред и хигиена – ако пред една година Аеродром беше синоним за општина со перфектна хигиена, за жал денес тоа повеќе не е така. Граѓаните се сведоци на преполни контејнери, ѓубре по улиците и нови депонии. Хигиената станува сериозен проблем во Аеродром.

– Проширување на индустриската зона на потегот Долно-Горно Лисиче – уште една лага на Марин и СДСМ, за уште едно разочарување на жителите на Аеродром.

– Изградба на две нови градинки во Мичурин и Тодор Чангов – ветено, неостварено, а за жал не е ниту на повидок било каква реализација на овој проект.

– Ново средно училиште – гимназија – Аеродром нема да ја види ниту реализацијата и на овој проект, помпезно најавуван од Марин во предизборната кампања.

– Нов дом за стари лица – СДСМ покажа и докажа дека грижата за повозрасните граѓаните не е дел од нивните планови. Повторно како и многупати досега пензионерите се излажани.

– Нова општинска зграда – нереализирано.

– Мултинаменски културен центар – нереализирано.

– Замена на сите азбесни цевки за водоснабдување – нереализирано.

– Нови коридори на булеварите „Февруарски поход“ и „АСНОМ“, два нови моста и нова сообраќајница за поврзување на Аеродром со Кисела Вода – нереализирано.

– Нова амбуланта во населба Лисиче – огромна лага на СДСМ со која предизборно ги бараше гласовите на аеродромци, уште поголемо разочарување од нереализираното ветување. Не е ниту на повидок.

– Затворен зелен пазар – единствено може да се види во памфлетот на СДСМ. Златко Марин можеби и не знае дека има ветено ваков проект.

И уште многу други ветувања, неостварени од страна на Златко Марин.

Неработење, лаги и манипулации, ѓубре и негрижа за општината стана синоним за Аеродром.

На аеродромци за само една година им стана кристално јасно дека буквално беа излажани од Златко Марин и СДСМ.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...