Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на писмото од Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Вес Мичел, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси. Затоа очекуваме уште најмалку 10 пати во текот на денов да пуштат соопштение во кое што ќе изнесат лаги против Претседателот Мицкоски. Овој очај на СДСМ е пред самиот крај и веќе никаде не минува.

СДСМ наместо да праќа бледи и неиздржани соопштенија, време е да почне да ја почитува волјата на граѓаните и да ги реализира предизборните ветувања.

Граѓаните знаат дека СДСМ и Заев се срам за Македонија и синоним за криминал и корупција. Самиот Заев е единствен премиер на влада кој е аболициран и помилуван три пати а кој ја има оштетено државата за 8 милиони евра.

Доколку СДСМ не се плаши од избори и од мнозинството граѓани, треба да ги прифати барања на ВМРО-ДПМНЕ веднаш и да овозможи избор на нова обвинителска институција која ќе има задача да го разоткрие целиот криминал на владата на СДСМ.

СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува  државата во криминал и корупција од невидени размери. СДСМ не може да ја прикрие нивната криминогеност. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ  мора да си замине од власт.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...