Василевска до Мираковска: Работите по диктат, а не во интерес на граѓаните

Вие како политичка опција не ги застапувате интересите на македонските граѓани или волјата на македонските граѓани, туку работите по диктат или по одредени други насоки кои не се од интерес на зачувување на државотворниот карактер на Република Македонија и порача Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката Соња Мираковски од СДСМ, во денешната емисија Само вистина на Канал 5.

Василевска смета дека целиот референдумски ден поминал со низа нерегуларност и неправилност, со уцени, закани, телефонски повици и гласање на секој три секунди од страна на СДСМ, што претставува грубо кршење на демократијата и демократските процеси за кои секоја политичка партија треба да се стреми и да ги почитува.

Поврзани вести

Најгоре