Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието

Соопштение до јавноста

Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политчки мртов.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието.

Граѓаните јасно и недвосмислено кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот мртов.

Јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ треба да ја послушаат волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои не е прифатлив договорот од Преспа.

Време е Зоран Заев да си замине. Тој потроши две години од животот на граѓаните на потпишување штетни договори и на понижување на државата, додека економијата ја стави на работ и ја турна во бездна на безперспективност, со нула раст, 5.14 милијарди задолжување и зголемени трошоци за живот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре