За една година од локалните избори, граѓаните целосно се разочараа од СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

За една година од локалните избори, граѓаните целосно се разочараа од СДСМ. Секојдневно гледаат криминал, насилство, закани и уцени, во што учествуваат и градоначалниците на СДСМ. Боро „Малборо“ од Ново Село, Марјанчо „Прислушувачот“ Стојановски од Демир Хисар, Борче „Силата“ Гиевски од Зелениково, Петре „Пелена“ Шилегов, но и цела низа од други градоначалници од СДСМ ја даваат вистинската слика за СДСМ и нивната грижа за граѓаните.

Реалноста која што не сака да ја види СДСМ е дека граѓаните се во паника и страв, за себе, за својот живот, за своите најмили. Граѓаните стравуваат за животната средина, граѓаните се плашат да излезат сами на улица заради мафијашките пресметки, или ако не се тие тогаш стравуваат од глутниците диви кучиња кои се собираат околу сметот. Граѓаните стравуваат од градоначалници криминалци, градоначалници кои ги прислушуваат, градоначалници кои посегнуваат по насилството.

Ваквата вистинската слика за владеењето на СДСМ граѓаните ја доживуваат како натпревар во СДСМ кој ќе го достигне и наследи Зоран Заев, чие владеење во Струмица беше проследено со многу криминални афери за кои што судските процеси завршуваа со аболиции и со помилувања.

Граѓаните очекуваа инфраструктура, економија и грижа за нивните потреби, а добија криминални афери, лаги и неработење.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре