Ѓорчев: Никогаш последниве 50 години наназад немало потешка состојба во културата во Македонија

На Седницата во Собранието на Република Македонија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се обрати до пратениците од другите партии и до Заев велејќи дека СДСМ е две години на власт во оваа држава и брише патос со македонскиот народ.

Затоа што многу зборувате за културата, уметноста нели и во врска со тие теми, јас ќе ја кажам мојата главна теза, а потоа ќе ја образложам, а Вие демантирајте ја посочувајќи кон Заев и пратениците на СДСМ.

Никогаш последниве 50 години, пола век наназад немало потешка состојба во културата во Македонија, никогаш немало помалку проекти и никогаш културните работници во оваа држава не биле пропрогонети од што сега, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев посочи со примери за приведувањето на Владо Јовановски со што според него се повторува случајот со Ристо Шишков. Што мислите за Игор Дурловски за приведувањето за тероризам? Што мислите за Борис Дамовски, режисер?

Никогаш барем во последниве 50 години културните работници не биле под ваков удар, никогаш! Од апсења, малтретирање, и носење по судови за тероризам, нагласи Ѓорчев.

Поврзани вести

Најгоре