Eкономското цунами Заев и Тевдовски продолжуваат безмилосно да ги задолжуваат граѓаните на Република Македонија

Соопштение до јавноста

Eкономското цунами Заев и Тевдовски продолжуваат безмилосно да ги задолжуваат граѓаните на Република Македонија.

Вчера Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за нови 54 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаме ние и идните генерации. Уште потрагично е што во наредните недели се планира раздолжување од 37 милиони евра, така што чисти остануваат 17 милиони евра за кој никој не знае каде ќе се потрошат.

Граѓаните не видоа никаква корист од овие задолжувања.

Мизерија на секој чекор.

Ветуваа капитални инвестиции од 80%, а добивме реализација од само 21%. Потфрлија на секое поле. Кратат буквално од се. Не се гради речиси ништо. Нема нови инвестиции, нема нови патишта, нема нови болници, инфракструктура .

Црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев за неполни две години успеаја целосно да ја потопат македонската економија, а граѓаните да ги донесат на работ на преживување.

Речиси и да нема сектор во еномијата каде ситуацијата не е катастрофална. Растот на БДП како што го ветуваа дека ќе биде 4 или 5% останува само пуста желба на Заев. Дури и ММФ ги намали проекциите за раст на БДП на ниски 1.6% што не прави шампиони по најнизок раст во Европа.

Mакедонската економија колабира. од ден во ден запаѓа во се поголеми неволји, а власта се расфрла купувајќи лубриканти и делејќи милионски тендери на блиските соработници.

Ваквото однесување на СДСМ мора да престане. Сите непродуктивни трошоци да сопрат и конечно да почнат да спроведуваат политики кои се од интерес на граѓаните. Како најнеопоходна работа е да се намали акцизата на горивата зошто на долг рок е неиздржива ваквата ситуација не само за македонското стопанство туку и за граѓаните.

Секогаш кога СДСМ е на власт економијата ни е вистинска катастрофа.

Наместо да се фокусираат за тоа како да подобрат стандардот на граѓаните тие тераат пропаганда за неуспешниот референдум и како да го протуркаат на сила капитуланскиот договор со Грција.

Расипничкото трошење на парите на граѓаните мора веднаш да запре!

Македонија и македонскиот народ издржале многу тешки работи во минатото, а ќе ја издржат катастрофата наречена Зоран Заев и ќе го испратат во историјата. Македонија ќе победи.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...