Една година градоначалник Аце Коцевски – една година изгубена за Велес

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Нада Трајкова

Почитувани сограѓани,

Една година од работењето  на локалната власт на чело со Аце Коцевски, граѓаните заслужуваат отчет за сработеното

Велес како никогаш досега е завиен во темнина, покрај медиумскиот мрак, градот како никогаш до сега  е преполн со   нечистотија, ѓубре, дупки на улиците, раскопани тротоари и улици, и како никогаш досега се подлабоко и подлабоко тоне како резултат на јубилејната едногодишна работа на локалната власт предводена од градоначалникот  Аце Коцевски.

Почитувани сограѓани,

Наместо на истекот од едногодишното владеење со нашиот Велес од страна на локалната власт, да зборуваме за реализирани проекти, за остварени резултати , за прогрес на градот ,  од страна на локалната власт и Аце Коцевски гледаме само назадување и неработење. Каде е се она  што го  ветивте  пред една година, господине градоначалник?

До  каде се проектите од програмата со која ветувавте живот во Велес? Нема никаква најава ниту за почеток  на изградба  на   пливачкиот базен во дворот на основното училиште Васил Главинов,  ниту  на  катната гаража во центарот на Велес. Ветувавте градски паркинзи над железничките пруги, а за една година немате изградено ниту еден! Зошто не се гради ново основно училиште во населба Тунел што го ветувавте, ами наспроти тоа затварате постоечки училишта. Зошто не се гради атмосферска канализација за прифаќање на водите што се слеваат на улицата Благој Ѓорев?  Не се градат ниту колекторски систем и пречистителни станици за фекалните води што ги ветувате.  Каде е трговско-деловниот центар Градски Пазар и трговско деловниот објект Градски саат од вашата програма?  Зошто не се гради заобиколен пат од Башино село до Превалец како што ветувавте? Ветувавте продолжување на кејот на Вардар, а за една година не изградивте ниту милиметар.

Господине градоначалник Аце Коцевски, зошто ги лажевте велешани дека ќе ја намалите цената на водата за пиење и ќе се намалат сметките кои ги плаќаат нашите сограѓани на комуналното претпријатие Дервен? Наместо тоа за една година воведовте  две нови давачки на тотално нетранспарентен начин  и без јавна расправа на сметките на Дервен се воведоа надоместок за јавно зеленило и надоместок за одржување на јавна чистота, а цената на водата е веќе тема за расправа со предлог за зголемување?  Вие господине Коцевски пред една година ветувавте повеќе пари кај граѓаните, не ветувавте повеќе давачки-зарем тоа не се вика измама?

Ветувавте транспарентно работење, а наместо тоа, за првпат после повеќе од десет години го прекинавте снимањата на седниците на Советот. Од што се плашите? Ви пречи ли транспарентно работење на Советот? За потсетување, според Законот за локална самоуправа седниците на советот се јавни.

Почитувани сограѓани,

Зарем една година не е доволен период за да видиме дел од ветените проекти на Аце Коцевски изработени или барем започнати во нивната изработка. Зарем една година не беше доволна да препознаеме општина каква Аце Коцевски упорно ни ја ветуваше. Една година нивна работа, а животот кој го ветуваа во Велес и Република Македонија никако да дојде. Ете такво е владеењето на СДСМ и Аце Коцевски, нека оваа година само ви ја појасни сликата која сите нас не чека на крајот од неговиот мандат.

Господине Коцевски, на само околу два месеци од истекот на оваа 2018-та година, не можеме да видиме ни почетни темели за новиот Градски Пазар кој го ветувавте, не можеме да видиме ниту една тула на катната гаража во центарот на Велес, не можеме да видиме ниту почетоци на изградбата на пешачкиот надвозник од младинскиот парк до спортската сала Гемиџии. Господине Коцевски да не зборуваме пак за проектите од вашиот план „За живот во Велес“ за кои како рокови за изградба се ставени 2019-та, 2020-та и 2021-та година. Зборувавте и ветувате сериозни проекти за нашата општина, проекти за чија реализација е потребна огромна подготовка која во изминатава една година никаде ја нема.

Наместо проекти и современа општина каква што ветувавте, граѓаните на Велес секојдневно се соочуваат со проблемите на своите улици, проблемот со кучињата скитници чии потрошени пари никако да вродат со плод. Секојдневно граѓаните на Велес се соочуваат со бркање од работа, вработување на партиски војници и тоа во многу голем број  во повеќе институции кои се под локална власт,  сосема  спротивно од вашето тврдење дека имало превработеност во институциите.  Се соочуваат со затварање на училиште, се соочуваат со  немање на паркинг места, соочени сме со позагаден воздух, понечисти улици, се помалку зеленило и паркови.

Ете  тие се работите кои ја одбележуваат вашата една година  на владеењето во Општина Велес. Велешани, господине Коцевски се мудар народ, и ја препознаа вашата неспособност во водењето на општината, ја препознаа вашата ироничност во решавањето на секојдневните проблеми и вашата смисла за културното издигнување и настаните од културно забавен карактер во Велес.

Господине Коцевски сите овие работи им се  јасни на велешани и покрај тоа што  седниците на Советот на општина Велес  продолжуваат да бидат тајна за граѓаните, без присуство на медиуми. Нереализираните проекти и неработењето на институциите брзо се шират помеѓу ушите на јавноста.

За сите овие работи Вие и вашиот тим ќе треба да одговорите пред граѓаните, да застанете на улиците помеѓу велешани и да ги погледнете во очи.

Една година градоначалник Аце Коцевски – една година изгубена за Велес. Господине Коцевски, граѓаните немаат повеќе време за губење.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...