Борче Георгиевски треба да разбере дека Општина Гази Баба не е негова приватна сопственост

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Тони Бојковски, претседател на Советот на Општина Гази Баба

Почитувани,

Градоначалникот Борче Георгиевски по којзнае кој пат ја погази волјата на граѓаните на општина Гази Баба.

Имено, на изборите за совети на Месни и Урбани заедници кој се одржаа на 23.09.2018 година, граѓаните на најдемократски начин си ги избраа претставниците кои ќе ги застапуваат во Месните и Урбаните заедници.

Борче Георгиевски е тој што повикуваше на ставање на ред во функционирањето на Месните и Урбаните заедници, а неговото лицемерие излезе на виделина по само десетина дена.

Како резултат на тоа што во Месните и урбаните заедници не биле избрани негови партиски луѓе, Градоначалникот Борче одлучил комплетно да ги поништи изборите, прикривајќи се зад некои негови пропусти кои тој лично или намерно ги направил со носење на несоодветна одлука.

Граѓаните на Општина Гази Баба нема да бидат жртва на самоволието на Борче Георгиевски.

Борче Георгиевски треба да разбере дека Општина Гази Баба не е негова приватна сопственост и со постапките кои ги превзема докажува дека неговиот интерес не се потребите и  барањата на граѓаните туку слепата партиска послушност.

Граѓаните веќе го препознаа ова деструктивно и незаконско работење на Борче Георгиевски и СДСМ и за тоа соодветно ќе ги казнат.

ВМРО-ДПМНЕ и советничката група предводена од  ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за интересите на граѓаните на Општина Гази Баба и за овие прекршувања и злоупотреби ќе поднесе соодветни пријави.

Поврзани вести

Најгоре