Ѓорчев до СДСМ : Излажавте дека ќе ги задржите младите, народот се иселува како никогаш порано

На 30-ти септември, убеден сум дека многу од луѓето кои излегоа на референдумот да гласаат, излегоа со тешко срце затоа што многу работи во дооговорот не им се допаѓаат. Исто така, знам, убеден сум и сигурен сум дека многу луѓе кои не излегоа да гласаат на референдумот се за ЕУ и НАТО и посакуваат иднина за она кое заеднички го сакаме и се нарекува Македонија.

Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

-Да бидеме искрени, апсолутно докажлива манипулација е и невистина да се каже дека ако нам ни успеат евроатлантските интеграции ќе го сопреме иселувањето од Македонија. Ако се случат евроатлантските интеграции, тоа ќе помогне на безбедноста, на економијата, на инвестициите и на се останато, но погледнете ја Бугарија, изгубија 2,1 милиони жители. Романија од 23 милиони, на 19 милиони. Латвија од 2,4 милиони на 1,9 милиони… Апсолутно, благо речено невистина е дека евроатлантските интеграции ќе значи останување на младите генерации во Македонија. Тоа заеднички го посакуваме, но ако говорите афирмативно за договорот, не го користете тој аргумент затоа што апсолутно се оди кон емоциите на луѓето „гласајте за ова за децата да ви останат дома“. Не, тоа ќе се направи преку економски раст кој што го немаме. Тоа ќе се направи преку безбедност која што ја немаме. Катастрофа, брука и срамота за Македонија е што на 30-тио септември имавме избирачки места со одзив од 96%. Имавме жестоко, брутално, бесрамно полнење на кутии, рече Ѓорчев.

Поврзани вести