Алексовска: Младинската гаранција на СДСМ и Заев е најголемата лага, нема ништо од нивните ветувања

Слободанка Алексовска, претседателката на Републичката комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата организирана од Унијата на Млади сили на тема Младинска невработеност истакна дека сегашната власт на СДСМ нема конкретни мерки за намалување на невработеноста кај младите која е една од причините за нивното иселување од Република Македонија.

Алексовска направи споредба со владата на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада на СДСМ, односно како што рече таа во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ основен приоритет биле младите луѓе, како и нивното вработување.

Таа потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ отвориле 170 илјади нови работни места, како и 43 илјади нови работни места во приватниот сектор, додека пак актуелната влада на СДСМ и покрај тоа што ветувала се и сешто за време на изборниот период не направила ништо за младите, додавајќи дека младинската гаранција е најголемата лага на СДСМ и Зоран Заев и дека нема ништо од нивните ветувања.

Влада на ВМРО-ДПМНЕ стори се за младите луѓе и за намалување на невработеноста, односно ВМРО-ДПМНЕ и сите луѓе со своите предлози и идеи кои што ги добивавме сме креатори на намалување на невработеноста, изјави Алексовска.

Поврзани вести

Најгоре